еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Два фамилијарни кластери го зголемија бројот на заразени со корона вирусот во Скопје

Во Скопје вчера според податоците на Министерството за здравство беа регистрирани 26 нови случаи на заразени со Ковид-19, а бројот на новозаразени растеше и претходните денови.

Седум од новите случаи во скопската Општина Аеродром се од едно семејство, а пред извесно време беше формиран уште еден нов фамилјарен кластер во скопската Општина Чаир, во кој од вирусот се заразени дваесетмина лица, за кој министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека е ставен под контрола.

Од Министерството за здравство за еМагазин велат дека 9 лица од новозаразените се регистрирани во Аеродром, 6 во Чаир, четворица во Сарај, во Бутел и Центар по 2 лица, а по 1 лице во Гази Баба, Кисела Вода и Петровец.

Во Скопје според последните податоци, објавени вчера, се регистрирани вкупно 673 случаи, а активни се 169.

Во Скопје има најмногу починати поради компликации од вирусот. Бројот на починати според податоци на Институтот за јавно здравје изнесува 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Уствари, не се олабавија мерките, се олабави полицијата„: Твитер реакции за растот на заразени со корона вирусот

Двајца од новозаболените биле во изолација: Зошто расте бројот на заразени со корона вирусот во Тетово?

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Редакција

„Тетекс“ го доби тендерот МВР за набавка на летни панталони за полицајците вреден 227.000 евра

Редакција

МИК „Свети Николе“ го доби тендерот на МВР за набавка на свежо месо вреден 479.000 евра

Редакција