еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Два месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова

Два месеци трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас.

Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови, а десет денови по нејзиното исчезнување истрагата за неа ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Оттаму велат дека нема нови информации, а истрагата интензивно продолжува во содејство на ОЈО Струмица и полицијата.

Ообвинителството разгледува повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт.

Неколку денови по нејзиното исчезнување стотина ловци и граѓани во координација со полицијата трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Монспитовското блато.

Низ градот и населените места се уште стојат флаери со нејзини фотографии и со контакт броеви на кои што може да се обратат граѓаните. Тие се залепени по јавните површини, но и по излозите на продавниците.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.

Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјава денеска во портокалова алертна фаза: Внимателно, температурите ќе достигнат 40 степени

Редакција

Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на “Златно Салвејче“ за помош во лекувањето на Леоид Индов: Да му помогнеме на Лео да ги надмине предизвиците

Редакција

Контролорите на летање нема да штрајкуваат

Редакција