еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Два нови настана на последниот ден на фестивалот „Европски приказни“

Два нови настана на последниот ден на фестивалот „Европски приказни“ ќе се случуваат во Јавна соба.

17:30ч. Во Јавна соба- предавање на тема „Размислувања за преведувањето“ со проф. д-р Ирина Бабамова

Тргнувајќи од мислата на Умберто Еко: Преведувањето е јазикот на Европа, проф. д-р Ирина Бабамова од Катедрата за романски јазици и книжевности и Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ќе се осврне на преведувањето од аспект на преведувачката теорија и практиката.

Почнувајќи од француските и франкофонските теориски пристапи за преведувањето, преку најинтригантните ставови на познати дејци од областа на јазикот, книжевноста и семиотиката, проф. Бабамова особено внимание ќе посвети на практичните пристапи кон преведувањето и преведувачките решенија од областа на книжевниот превод – неисцрпна тема која секогаш отвора многу прашања за размислување.

19:30ч. Во Јавна соба-промоција на романот „Снегулки“ и средба со грчката авторка Калија Пападаки

Калија Пападаки е интригнатна авторка која работи и како сценарист и професионален продуцент. Нејзините раскази и песни се вклучени во светските антологии и литературни списанија. Уште со првата збирка раскази „Шум во заднината“ ја освои Наградата за нови писатели на литературниот весник „Дијавазо“. Третата нејзина книга, романот „Снегулки“ (2015), беше избран за најдобар роман од списанието „Анагностис“ и ја доби Наградата за млад автор од грчкиот литературен весник „Клепсидра“.

Овој роман во 2017 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија.
Романот „Снегулки“ е книга за копнежот, потребата на човекот да припаѓа некаде и покрај личните и колективните кризи, приказна за имиграцијата и потрагата по американскиот сон.

Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои обидувајќи се да се вклопат во новиот живот, не можат да се ослободат ниту од корените на старите семејни стебла и од спомените на родните места. На тој начин, романот станува и потрага по идентитетот на човекот фрлен во еден нов, туѓ свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Редакција

Програма низ призмата на #Градот: Што нуди Fashion & Lifestyle Expo ’19?

Редакција

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започнува јубилејниот 10. детски ликовен конкурс

Редакција