еМагазин
Image default
Балкан

Два силни земјотреси во Албанија почувствувани во Македонија и Црна Гора

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина мунити се случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја.

Првиот земјотрес е регистриран во 16:04 часот по локално време со магнитуда од 5.8 по Рихтер и епицентар во Јадранско Море на длабочина од десет километри, на шест километри од Драч и 34 километри од Тирана.

Вториот земјотрес бил во 16:15 со магнитуда од 5.5 по Рихтер со епицентар на длабочина од три километри и на седум километри од Драч.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје соопшти дека првиот земјотрес, кој е на 190 км  југозападно од Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 5.6 и беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена црната кутија на леталото што се сруши во Хрватска, се претпоставува дека носело експлозив

Редакција

Финале на Договорот од Преспа во Грција, Атина под засилени безбедносни мерки поради новиот протест

Редакција

(Видео) Во геј бар лидерот на Сириза ја славеше легализацијата на истополовите бракови во Грција

Редакција