еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Дваесет години „Големото уво“ прислушува: Откривањето почна со Црвенковски, ќе заврши ли со Заев?

Речиси дваесет години Македонија континуирано ја тресат скандали со прислушување, што само покажува дека „Големото уво“ од 2000 година наваму никогаш не престанало да слуша преставници на политички партии, институции, граѓани и политички функционери.

Првата афера „Големо уво“ започна кога лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, на 17 јануари 2000 година на прес-конференција во седиштето на партијата обелодени стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати кои биле прислушкувани.

На 22 јануари, Основното јавно обвинителство испратило барање до Основниот суд Скопје 1, барајќи да се спроведат истражни мерки и сослушување на 70 сведоци..

Во 2003 година за аферата беа обвинети министерката за внатрешни работи Доста Димовска и началникот на управата за оперативна техника во МВР, Александар Цветков.

Аферата заврши кога претседателот Борис Трајковски ги аболицирал Доста Димовска и Александар Цветков. Поради незадоволство од исходот, дел од новинарите кои биле прислушкувани, ја тужеа Македонија и пред судот во Стразбур во 2006 година. Во 2013 година, 17 новинари го добија случајот во судот во Стразбур.

Потоа следуваа веќе познатоте „бомби“ повторно на опозициската СДСМ која ги обелодени лидерот на партијата, а сега премиер Зоран Заев. Како што е познато, тоа беше главна причина за смена на власта и судски прогон на високи функционери од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, до денес нема судски епилог за тоа кој го извршил прислушувањето.

Случајот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на „бомбите“ го води Специјалното јавно обвинителство.

Станува збор за прислушување на 20.000 лица, меѓу кои и премиер, министри, дипломати, новинари, бизнимени..

Најновата афера е од минатата недела, кога беше обелоденето дека биле прислушувани фиксните телефони во Јавното обвинителство и Основен суд Скопје 1, а истрагата можеби ќе покаже дека телефони биле прислушувани и во други институции…

Допрва ќе се истражува кој го вршел прислушувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Телефонската централа преку која што се прислушувало во Основниот суд, била набавена преку Министерството за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови лаги и провокации од Радев: Македонија градела идентитет врз фалсификат и испратила десетици илјади во концентрациони логори

Редакција

Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели

Редакција

НБРМ: Растот на економијата помал од очекуваното

Редакција