еМагазин
Image default
Локално

Две бугарки „оперирале“ на Битпазар

Кривична пријава е поднесена против две бугарски државјанки кои украле паричник со околу 18.000 денари од жена на Бит пазар, информира МВР.

МВР поднесе кривична пријава против лицата Р.Г.И.(50) и Н.Н.Н.(24), двете од Бугарија до надлежното јавно обвинителство во Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

Како што соопшти МВР, пријавените го извршиле делото на 1-ви овој месец околу 13.30 часот на ул.„192“ во пазарот Бит Пазар. Тие ја искористиле турканицата и невниманието на оштетената. Н.Н.Н. се туркала во неа за да и го одвлече вниманието, а Р.Г.И. го отворила патентот од чантата и одзела женски паричник во кој имало 240 Евра, 2.400 денари и лични документи.

Лице кое било присутно во пазарот, го забележало настанот и пријавило во полициска станица. После тоа, по преземени мерки, на 3 септември околу 13.00 часот пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит Пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас, неколку лица пренесени во болница

Редакција

По најавите ва високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје

Редакција

Приведен манијак од Чаир: Вознемирувал жени и ги допирал по телото

Редакција