еМагазин
Image default
Локално

Две деца болни од рак заразени со мали сипаници

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ.

Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од ова заболување. Засега, има само едно дете кое беше со полоша клиничка слика, но според најновите информации од утринава неговата состојба е стабилизирана.

– Од вчера имаме два нови случаи на заболени деца од морбили на Клиниката за детски болести, од хемато-онколошкото одделение. Нивната состојба е стабилна и под контрола. Претходно имавме едно дете, кое е пуштено на домашно лекување и е здраво. Во текот на ноќта нивната состојба будно беше следена од лекарскиот тим и сите деца се соодветно третирани – изјави директорката на Клиниката, Катарина Ставриќ.

Мерките за спречување на ширење на болеста во рамките на Клиниката континуирано се преземаат.

Директорката на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби Милена Ставриќ апелираше до родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и кога ќе се посомневаат во симптоми на болеста, прво и задолжително да посетат матичен лекар, а по 19.30 часот да отидат во дежурните пунктови „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“ и „Бит пазар“. Овие пунктови за време на викендот работат 24 часа.

– Вакцинацијата мора да продолжи и уште еднаш апелираме сите граѓани кои не се сигурни во својот вакцинален статус или родители кои имаат невакцинирани деца, да се вакцинираат во најбрз можен рок – потенцираше Стевановиќ.

Таа додаде дека бројот од 4.200 вакцинирани од почетокот на епидемијата од морбили (мали сипаници), зборува дека граѓаните ја сфатиле сериозноста на препораките од Комисијата за заразни болести.

– Напоменувам дека бројот на вакцинирани со МРП треба да е барем двојно поголем, со цел да се спречи уште поголем број на заразени. Колку е помал бројот на заболени, толку е помал и ризикот од несакани последици и компликации – вели Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден починат, тројца тешко повредени во сообраќајка кај селата Долни Балван и Крупиште

Редакција

(Фото) Искршени тријазични табли на три институции во Штип

Редакција

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишна девојка, таа се бори за живот на Клинички

Редакција