еМагазин
Image default
Локално

Две деца повредени откако возило удрило во бетонска ограда

На 30.04.2019 година во 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, кај Волково, патничко моторно возило “Форд Ка“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.З.(38) од Скопје удрило во заштитните бетонски огради, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Б.З. и едно дете сопатник на возраст од седум години, додека другото дете сопатник на иста возраст се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца охриѓани ограбиле 14 куќи и станови

Редакција

Велешки дилер приведен во Битола

Редакција

И Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство со едукативни работилници во основните училишта во организација на „Макпетрол“

Редакција