еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Две години Влада: Скопје 2014 се уште се гради, Македонија повеќе село отколку мегалополис

Новата Влада ќе се фокусира на изградба на инфраструктура што ќе значи иднина за македонската економија, а ќе ги стопира инвестициите во непродуктивни проекти, како Скопје 2014, пишува во програмата на Владата 2017-2020 година.

Ова е само едно од неисполнетите ветувања иако изминаа две години откако дојде на власт Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Имено, се уште во фаза на градба се започнатите мостови и други објекти од Скопје 2014, а од амбициозните најави за нова инфраструктура се уште нема ништо.

„Владата ќе ги носи одлуките за големите инвестиици во инфраструктурата транспарентно и низ консултации со граѓаните и релевантните експерти. Владата како свои цели ги поставува реализацијата на проектите: „Македонија мегалополис“, инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути, „Македонија без црни точки” и „Македонија без кал”“, пишува во програмата на Владата.

Во неа беше најавено дека Владата ќе формира компанија со доминантна државна сопственост (51%) преку која ќе се реализираат инвестициите во инфраструктурни проекти и во обновливи извори на енергија.

„Почетната големина на компанијата ќе биде 300 милиони евра. Владата ќе иницира преговори за финансирање на 3 приоритетни инфраструктурни проекти преку иницијативата 16 земји од Европа плус Кина „тешка“ над 10 милијарди долари.

Владата ќе усвои план за инвестиции во патната инфраструктура од 3 милијарди евра во следните 10 години со што ќе го зголеми сегашниот финансиски недостиг за одржување на патиштата. Преку овие инвестиции, Владата ќе обезбеди изградба на 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта“, пишува во програмата.

За жал, граѓаните се уште ќе почекаат на реализација на овие планови и ветувања, со оглед на тоа што освен неколку автопатски делници кои беа изградени од претходните владејачки гарнитури во изминативе две години немаше реализација на некој поголем инфраструткурен проект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Драма во Хрватска: Авион слета на автопатот Загреб-Ријека

Редакција

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Редакција

Единствениот Македонец кој остана на грчкиот остров Евија раскажува за пожарите

Редакција