еМагазин
Image default
Локално

Две куќи целосно изгореле, трета оштетена во пожар во тетовско Седларево

Две куќи целосно изгореле, а една е оштетена во пожар во тетовското планинско село Седларево што припаѓа на општина Желино. Пожарот избувнал вчера доцна попладне, а пожарникарите интервенирале до доцните ноќни часови.

-Тетовската против пожарникарска единица доби повик во 18 часот, но додека стигнавме веќе огнот беше проширен. Двете куќи целосно изгореа, додека во третата успеавме некако да го спречиме огнот да се шири понатаму и да зафати други објекти.

Имавме помош од жител на селото кој со голем трактор ни носеше вода. Неколку часа траеше гаснењето. Екипата се врати на полноќ, но имајте предвид дека речиси еден час треба да се стигне до тоа село, изјави Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

На интервенција дошле шест пожарникари со три возила. Седларево се наоѓа на планината Сува Гора на надморска височина од 1.218 метри.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психичко малтретирање во Неготино: Професор натерал ученик да решава задачи на натпревар во име на синот

Редакција

Прекината забава во угостителски објект кој работел по работното време, приведен сопственикот

Редакција

Скопјанец физички нападнал полицаец кој сакал да го легитимира

Редакција