еМагазин
Image default
Македонија

Две лица починаа при излетување на возило од патот Катланово-Бадар

Две починати лица биле извлечени вчера од возило што било излетано од локалниот пат Катланово-Бадар, во близина на мостот на река Пчиња.

Како што информираат од МВР, вчера околу 12.00 часот било пријавено дека возилото било забележано на посочената локација, а по пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Таа извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н. (39) од Скопје и С.П. (22) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бејли: САД ја поздравуваат историската одлука во Собранието

Редакција

18 лица приведени за непочитување на полицискиот час

Редакција

Младите правници апелираат да се слушне стручното мислење за Законот за државјанство

Редакција