еМагазин
Image default
Локално

Две малолетни девојчиња повредени по удар од „шкода фабија“ во Скопје

На 09.01.2020 во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје, информира МВР.

Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈСП ќе врши дополнителна дезинфекција на автобусите и на кабините на жичницата

Редакција

Иницијатива за почит: Лопати во раце и итно пошумување на опожарените површини кај Велес

Редакција

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник

Редакција