еМагазин
Image default
Забава

Две недели џез во бистро „Бруклински“

Џезот е музички стил кој се појавил во почетокот на 20-тиот век во aфроамериканските заедници во јужниот дел на САД. Настанал со мешање нa африкански и европски музички традиции.

Уште од раните почетоци, џезот црпел инспирација од американската популарна музика на 19-тиот и 20-тиот век.

Долго време во заедницата на џезот се расправало околу неговата дефиниција и граница. Иако менувањето и трансформацијата што потекнува од новите влијанија се сметало како негова деградација, џез-музичарите често не сакале да ја дефинираат музиката што ја свират. Дјук Елингтон тоа го сумирал со зборовите: „Се е музика.”

Баш оваа музика која ја уживаат сите генерации во последните децении, деновиве ќе добие свое воздигнување во просториите на џез-бистро „Бруклински“ во Скопје.

За време на следните две недели исполнети со квалитетно количество на разновидни звуци, ритми и музичари со богато искуство, Бруклински ќе ги отвори вратите за сите љубители на овој правец.

Почнувајќи од 6 па сè до 16 февруари, на џез фестивалот ќе присуствуваат:

06.02 (среда) – SKOPJE JAZZ INC

07.02 (четврток) – KABADAYAS

08.02 (петок) – FILIP DIMISHKOVSKI TRIO

09.02 (сабота) – SHAMBA JAZZ QUARTET

13.02 (среда) – SHIKACHI ENSAMBLE

14.02 (четврток) – IN THE MOOD

15.02 (петок) – NEXT TO SILENCE

16.02 (сабота) – ANDREA MIRCESKA TRIO.

Вашите места може да ги обезбедите на телефонскиот број 078 337 843 и 02 6091 844, или преку порака на официјалниот Фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Андреа Коевска со песната „Circles” ќе ја преставува Македонија на Евровизија во Италија

Редакција

(ВИДЕО) Евровизија: И жирито и публиката од Македонија со 12 поени за Србија

Редакција

Македонски квалитет кој трае со децении –  ДиЏеј Тодорофф по 15-ти пат издаде ЦД микс компилација

Редакција