еМагазин
Image default
Локално

Двајца возрасни од Карпош и Чаир и дете од Чаир хоспитализирани со мали сипаници

Од прогласувањето на епидемијата, досега, се вакцинирани 2.925 деца. Денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете, соопшти Министерството за здравство.

За време на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7.30 до 13 часот. Од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7.30 до 19 часот.

Тројца пациенти меѓу кои двајца возрасни од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со јасна клиничка слика на морбили.

Уште две други лица со морбили со полесна клиничка слика биле прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на мали сипаници: Најмногу има во Аеродром

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема голем застој на граничните премини Богородица и Евзони

Редакција

(Видео) МВР постапува за случајот во кој момче во Куманово среде бел ден физички напаѓа девојка, а потоа тој е нападнат од друго момче

Редакција

Момче на 20-годишна возраст загина на Галичица

Редакција