еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Двојно помалку пари за „Скопски џез фестивал“ од Министерство за култура

Во ревидираната годишна програма на Министерството за култура, објавена пред 3 дена, средствата определени за манифестациите „ОФФ-Фест“ и „Скопски џез фестивал“ се речиси преполовени во однос на оние со кои Министерството партиципираше долга низа години, вклучувајќи ја и минатата, пишува на фејсбук-страницата на „Скопски џез фестивал“.

„Тие практично не обезбедуваат можност за сочувување на квалитетот и исклучително високото меѓународно ниво на двата фестивала туку само преживување со локална и регионална програма, што ние, имајќи ја на ум долгата традиција, нема да го прифатиме. Со оглед дека евидентиравме бројни грешки (некои и многу груби), во вреднувањето на нашите апликации преку бодирањето извршено од „стручната комисија“, ќе ја искористиме можноста за жалба.

Едновремено, потсетуваме дека во првата објава на резултатите од Годишната програма обете апликации ни беа одбиени сo образложение дека недостасува потребната документација, на што ние реагиравме, а увидот на правната служба на Министерството го потврди нашето тврдење дека пријавите за двете манифестации што ги организираме се комплетни!

За жал, целата оваа рашомонијада се случува во период во кој ние, во нормални околности, треба да се бавиме со други организациони активности (практично оневозможени) и да испраќаме поинакви соопштенија – најнапред за целосната програма на претстојниот „ОФФ-Фест“, а потоа и за џез-фестивалот, нешто што сите наши колеги од големите европски фестивали веќе го имаат сторено“, пишуваат од „Скопски џез фестивал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белопета: Врапчињата ќе запеат и за „Скопскиот џез фестивал“, па наскоро ќе ја дознаеме и целата содржина на песната

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршил на клиника, Боки 13 претепен од тројца затвореници

Редакција

Панел дискусија: Со трансплантација на органи од починат донатор се спасуваат човечки животи

Редакција

И познатите имаат дислексија

Редакција