еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Двочасовен новогодишен концерт на Игор Џамбазов во Веро центар

Со двочасовен новогодишен концерт на неповторливиот шоумен Игор Џамбазов, придружуван од Гуру Харе, што ќе се одржи во сабота (29 декември) во Веро центар во Скопје, „Веро“ ќе ја почне прославата на Нова година.

Концертот ќе почне во 13 часот и ќе биде отворен за сите посетители на Веро центар. Тие ќе уживаат во добропознатите хитови и текстови на најголемиот македонски шоумен, но и во препознатливиот хумор на Џамбазов кој е негов заштитен знак. На репертоарот ќе бидат најпопуларните песни на македонскиот музичар и актер кои ги испеа сам или настанаа во соработка со некои од најпознатите музичари во Македонија и на Балканот, како што се Игор Атанасовски – Харе, Венко Серафимов, Раде Шербеџија, „Нокаут“, Тамара Тодевска, Брејк и др.

Настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе ќе ја надополни богатата предновогодишна атмосфера во Веро центар во која изминатиов период уживаат многубројните посетители додека го завршуваат празничниот шопинг.

Со организацијата на овој концерт, „Веро“ на најубав начин ќе ја заокружи успешната година во која во Веро центар се одржаа многу различни забавни настани, промоции и изненадувања за посетителите.  

– Успешната година на „Веро“ ја завршуваме со најдоброто од Македонија, концерт на Игор Џамбазов. Вистинска привилегија е да се биде дел од настапите на овој врвен уметник, а токму тоа сакавме да им го овозможиме на нашите потрошувачи и на сите посетители на Веро центар – да поминат одлично и забавно попладне со квалитетна музика, но и со многу забава во едно комплетно шоу како што само Игор Џамбазов може да приреди.

Организацијата на забавни настани непосредно пред Нова година во Веро центар прерасна во наша традиција која со задоволство ја негуваме бидејќи од сите страни добиваме позитивни реакции. Навистина е прекрасно да се видат бројни насмеани лица на цели семејства кои покрај во шопингот, уживаат и во новогодишниот дух – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

Освен бројните настани, новогодишната атмосфера во Веро центар изминатиов период ја надополнуваат и големиот број попусти и специјални празнични понуди креирани за потрошувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Настава без мобилни телефони и во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“

Редакција

Aтиџе добила ветување дека ќе биде вработена и песните ќе ги сними во професионално студио

Редакција

Првонаградена програмата за волонтирање на ЕВН

Редакција