еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двотретинското мнозинство неизвесно: Почнува финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа

Денеска во Собранието почнува финалната фаза за донесување на уставните измени предвидени со Договорот од Преспа, со кој меѓудругото Македонија треба да стане Северна Македонија.

Како и во првата фаза, кога беа потребни минимум 80 гласа од пратениците за старт на процесот, и овој пат до последен момент останува неизвесно дали е обезбедено двотретинско мнозинство за да уставните измени бидат финално изгласани.

И покрај тоа што дел од барањата на Алијансата за Албанците беа прифатени, лидерот Зијадин Села вчера изјави дека дали двајцата пратеници од Алијансата ќе дадат подршка за уставните измени ќе се дознае на денот на гласањето во Собранието.

Од Беса на Биљал Касами, од која исто така пред финалето на процесот преку предлог уставни амандмани излегоа со свои барања порачаа дека нивната конечна одлука ќе произлезе од престојната дебата во Собранието и начинот како ќе се одвива целата постапка.

И Беса на Касами има два пратеници, а преговорите помеѓу партијата и Владата за нивните барања продолжуваат и деновиве.

Финалето на процесот го условуваат и од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од каде по последните случувања поврзани со Села и Касами, порачаа дека нема да дадат подршка доколку  Владата, која е предлагач на уставните измени, одлучи да го прифати барањето на Беса – терминот „македонско“ да се избрише од документите, бидејќи сметаат дека тоа е спротивно на гаранциите за јакнење на македонскиот идентитет.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак најави дека нема да учествува во расправата за амандманите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што прифати Заев од барањата на Алијансата за Албанците за уставните измени

Сакаат ли Села и Касами да бидат обележани како главна пречка за влез на Македонија во НАТО?

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спајдермен, Бетмен и други суперхерои ги посетија децата на Клиниката за детски болести во Скопје

Редакција

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со изедначена политика во однос на тестовите

Редакција

„Ало Али, тука сум пред ДУИ. Како е планот за македонското знаме?„: Твитер го „подбра“ „инспекторот“ Бујар Османи

Редакција