еМагазин
Image default
Македонија

ДЗС апелира до граѓаните за трпеливост: Попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство

Пописот на населението, домаќинствата и становите се наближува кон крајот. Остануваат уште осум дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост, посочувајќи дека попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство.

– Би сакале да ги потсетиме граѓаните дека треба да ги проверуваат овластувањата на попишувачите и да ги примаат само оние кои имаат овластувања од Државниот завод за статистика.

Исто така, би сакале да потсетиме дека податоците од Пописот се исклучиво за статистички цели и ќе се објавуваат само агрегирано, а никако како лични податоци.

Никој нема пристап до личните податоци, а целиот процес на обработка ќе биде автоматизиран и без каков било субјективизам, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС посочуваат дека никогаш досега, а ниту отсега, ниту издавал ниту ќе издава какви било потврди за податоци дадени во Пописот, ниту во некои други истражувања што ги спроведува ДЗС и со кои се прибираат лични податоци.

– Одговорите на т.н. чувствителни прашања – за етничка припадност, за вероисповед и за мајчин јазик претставуваат лично чувство на секој граѓанин и попишувачите (или некој друг) не смеат да сугерираат одговори.

Попишувачите имаат должност да овозможат увид во внесените податоци, а секој граѓанин треба да го следи процесот на попишување и да гледа што попишувачот внесува во апликацијата. Доколку некој врши притисок по кој било основ, граѓанинот има право да го пријави случајот, укажуваат од ДЗС.

ДЗС апелира до граѓаните да не наседнуваат на провокации и притисоци и во Пописот да ги дадат податоците кои се бараат од нив слободно, со доверба и според сопственото чувство.

– Да ја завршиме оваа активност која долго ја очекувавме за доброто на сите нас, затоа што успешноста зависи од сите нас, се вели во соопштението од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До сега попишани 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови

Фото: Фејсбук/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Редакција

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти

Редакција

Нов обид за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судско решение и полиција

Редакција