еМагазин
Image default
ЖИВОТ

ДЗСИ изврши вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде е лекувана почината родилка од Охрид

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 24. јуни изврши вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде почината родилка од Охрид е лекувана, информираат од таму.

„Врз основа на увидот во целокупната документација, констатирана е следната состојба:

Пациентката М.Т. на ден 11.06.2019 година во 04.15 минути примена е на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38 гестациска недела.

По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2130гр/46см со добри витални параметри.

Раниот постоперативен период на пациенката уреден, се до утрото 16. јуни, петти постоперативен ден кога од страна на дежурниот забележан е оскуден серозен исцедок од раната, заради што е извршена тоалета на раната.

Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури.

Наредниот ден заради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје.

Во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство пацинтката М.Т. донесена e на ден 17. јуни во 14 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург.

Во 18:30 часот пациентката е вратена на ГАК, направен запис за прием на оделот за анестезија и реанимација. По спроведени повеќе дијагностилки и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на клиникта направена ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е јака антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терпија.

И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на ден 20. јуни во 14,00 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ –ОЕ КАРИЛ под дг.О90.0 – дисрупција на рана од царски рез.

На прием пациентката е со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба.

Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолоја по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15.30 часот.

Со оглед на фактот дека ДСЗИ во рамките на своите надлежности, не констатирал недостатоци, а со цел проверка во однос на стручната работа на здравствените установи и здравствените работници кои учествувале во породувањето на пациентката како и нејзиниот постоперативен третман, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно чл. 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство иницира спроведување на стучен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е донесена одлука да нема погреби на одредени верски празници, велат од Скопската православна епархија

Редакција

Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Весковски, позитивен на Ковид-19

Редакција

(Фото) Заев и Ангеловска одмараат во Брајчино

Редакција