еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе биде ли ДУИ на „стара слава“ главен фактор за нова Влада?

Партиските конгреси и конвеции уште сега ја загреваат атмосферата пред одржувањето на парламентарните избори закажани за април, следната година. Веќе се прават калкулации кој со кого би коалицирал, а главната дилема е околу прашањето дали ДУИ ќе успее да го задржи гласачкото тело, посебно поради тоа што на последните парламентарни избори во 2016 година таа загуби голем број пратенички места во однос на претходните избори.

Имено ДУИ освеои само 10 пратенички места односно речиси двојно помалку од некогашните 19 пратеници. Нејзините гласови очигледно ги собраа новите политички играчи Беса, која освои 5 пратеници и Алијансата за Албанците (3 пратеници), а дел и СДСМ.

Како што веќе беше најавено, можни коалиции и преговори за престојните избори веќе се водат меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива. Тоа го соопшти портпарлот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети кој рече дека уверени во победа се и самите, но, сакаат поуверлив исход на изборите.

„Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборната коалциија со политичката партија Беса и Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците меѓутоа сакаме победата да биде уште посилна, така што сме отворени и подготвени да имаме соработка со Алтернатива и со Беса. Разговараме со двете партии има желба и се надеваме дека заеднички ќе успееме за една предизборна колиација која дефинитивно ќе ја победи ДУИ и ќе го има легитимитетот на гласачите Албанци“, рече Беџети.

Доколку тоа навистина се случи, на ДУИ ќе и треба чудо за да освои мнозинство од албанските гласови посебно по дебаклот со Законот за употреба на јазиците, но и фијаското со преговорите со ЕУ.

Уште повеќе Демократската унија за интеграција на четвртиот конгрес, кој се одржа деновиве најави новини во партиските органи, но потворно го избра Али Ахмети на лидерската позиција, кој веќе две децении се „вози“ на старата слава од 2001 година.

За жал, од тогаш до денес освен за партиските кадри на ДУИ, Албанците во Македонија не видоа подобрување на живеачката и најголем дел од нив решија да си заминат, што предизвикува очигледен страв кај раководството на ДУИ  и Али Ахмети со оглед на тоа што се спротиставија на спроведување попис во државата, кој бездруго би покажал дека Западна Македонија, каде што живее претежно албанско население е полупразна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови имиња во партиските органи на ДУИ: Се е менливо освен лидерот Али Ахмети

Фото/Фејсбук/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виа инжинеринг“ го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор за изградба на урбана заедница во Неготино вреден 1,3 милиони евра

Редакција

173 се реинфекции: Нови 1.822 случаи на Ковид-19

Редакција

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување на патишта за набавка на индустриска сол вреден 6,9 милиони евра

Редакција