еМагазин
Image default
Македонија

Ќе биде ли професорката Гордана Силјановска кандидат за претседател на државата

Триесетина професори, академици, интелектуалци, меѓу кои и академик Катица Ќулавкова, професорките Билјана Ванковска, Каролина Ристова Астеруд, Елка Јачева Улчар, Жидас Даскаловски, Богдан Богданов… во отворено писмо ја повикаа професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова, да се кандидира за претседател на државата.

Според нив професорката може да внесе разум, знаење и морал на политичката сцена и дека ќе го обедини македонските граѓани.

„Ова не е време за нормален политички натпревар, особено поради основаните сомнежи дека власта не е подготвена да организира фер и чесни избори. Затоа, како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат кој со сиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. Таква надпартиска личност е професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова“, се вели во повикот.

Професорите сметаат дека во моментов на Македонија и е потребен здружен опозициски блок, кој ќе ги обедини сите граѓански и интелектуални капацитет и се надеваат дека апелот ќе допре и до ВМРО- ДПМНЕ и тие да застанат зад професорката Силјановска Давкова.

Силјановска-Давкова за медиумите изјави дека размислува дали да се кандидира на претстојните претседателски избори.

Во изјава за Пресинг ТВ таа вели дека силно ја допрел повикот, но мора да размисли за тоа дали ќе се вклучи во претседателската трка, иако досега не се гледала себеси на оваа позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Кои ќе бидат другите кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ?

Шекеринска, Димитров, Пендаровски и Спасовски „намигнуваат“: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пратеник на Левица го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот на Собранието, Мисовски

Редакција

За неносење маска изречени 837 казни

Редакција

Министерот Спасовски го потврди приведувањето на Спасеновски, Цветков и Делев

Редакција