еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Лавина реакции во јавноста предизвика вчерашната информација дека второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор откако вчера судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

На социјалните мрежи главното прашање кое го поставуваат граѓаните е дали одлуката за куќен притвор на Кичеец сигнализира можност тој да биде сведок против првоосомничениот во предметот „Рекет“ на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Бојан Јовановски – Боки 13 и третоосомничената поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Оваа дилема добива на значење откако им беше продолжен притворот на Боки 13 и на Јанева. Двајцата вчера одбија да дадат исказ за случајот „Рекет“ со образложение дека им е ускратено правото претходно да имаат увид во доказите.

Со оглед на тоа што истрагата за овој случај е веќе затворена и почна да тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените се чини дека дилемата околу улогата на Кичеец ќе биде расчистена многу бргу во судскиот процес кој треба да следува за случајот „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчкиот Врховен суд реагира за употребата на името Република Македонија

Редакција

Од куќа во Скопје украдени речиси еден милион евра чувани во ќеси

Редакција

„Уника“ го доби тендерот на ЈСП за осигурување вреден 183.000 евра

Редакција