еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе добијат ли зголемени права Албанците со отварањето на Уставот за уставни измени

Албанската заедница да биде впишана како државотворен народ на Македонија, а албанскиот јазик да биде службен јазик, (што е во некоја форма е веќе предвидено со новиот Закон за употреба за јазиците), меѓудругото ќе бараат крилото на БЕСА на Биљал Касами и Алијансата за Албанците, со свои амандмани во процесот на отварање на македонскиот Устав, за уставните измени предвидени со договорот за името со Грција.

Овие ставови отворено ги соопштија уште пред неколку месеци, а деновиве ги потврдуваат уште еднаш.

„Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените Уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници“, наведуваат од БЕСА на Биљал Касами во соопштението по гласањето во Собранието.

Неодамна и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села најави дека неговата партија при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани.

„Уште еднаш повторуваме дека го поддржуваме договорот со Грција и членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Имаме забелешки во делот каде се има за цел еден дел од народите да биде повеќе истакнат од другите. Мислам на делот кој е постигнат во договорот за националноста, во патните исправи, каде што стои Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, ние ќе бараме на тоа место за нас да стои Албанци/граѓани на Република Северна Македонија и така за сите народи кои се наброени во преамбулата. Ќе бараме и во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви“, изјави Села.

Од ДУИ пак се со поинаков став.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата „Отворено“ на 1ТВ со Александар Чомовски, изјави дека партијата нема да го отвора албанското прашање за време на процедурата за промена на Уставот.

Тој вели дека влезот во ЕУ и НАТО е врвен приоритет и ДУИ нема да ризикува да го наруши процесот со други барања и покрај тоа што во партијата биле свесни за политичката штета што може да ја има од овој потег во албанскиот блок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде

Редакција

Кои политичари се на последната црна листа на САД од Македонија

Редакција

Се очекува значителен пад на цената на нафтата

Редакција