еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“

Денеска треба да стартува судењето за „Рекет“, случај кој е во фокусот на јавноста со месеци, поради инволвираноста во истиот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која од пред извесно време е во домашен притвор, како и на Бојан Јовановски – Боки 13, кој важи за близок на актуелната власт, кој деновиве помина неколку дена во болница, по што беше вратен во затворот Скопје во Шуто Оризари.

Во „Рекет“ е обвинет и Зоран Милески – Кичеец, кој пак важи за близок на функционери од претходната власт.

„Рекет“ предизвика голем интерес и поради сумата од 1,5 милиони евра, која била изрекетирана од бизнисменот Орце Камчев, кој е оштетениот сведок во случајот, пари за кои јавноста се уште нема прецизен одговор каде завршија.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое го отвори случајот, во текот на последниве месеци беше честа мета на критики, пред се поради начинот како се водеше истрагата, а и поради тоа што голем број информации од истата завршија во јавноста.

Од таму и по неколку месеци се уште нема информација од каде протекоа суштинските информации за „Рекет“.

Колку тоа ќе влијае на исходот на судењето и на оспорување на доказите на Обвинителството останува да видиме.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција

Најмногу на возраст од 60 години и со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Убава вест: Јабланица ќе стане национален парк

Редакција