еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ги бојкотираат ли Албанците изборите за да Талат Џафери стане претседател на државата

Двајцата кандидати за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски уште денеска ќе имаат можност да ги убедуваат гласачите да излезат да гласат во недела.

Токму излезноста на вториот круг од претседателските избори е очигледно најголемиот проблем или можност, (за кој како), за учесниците во овој изборен процес.

Потребниот цензус од 40% е во фокусот уште пред изборите, а останува главна тема и до самиот крај на изборите.

Во фокусот на јавноста и медиумите е и дали во вториот круг ќе излезат да гласат и албанските граѓани, кои во првиот круг го дадоа својот глас за третиот кандидат, Блерим Река. Тој вчера ги повика граѓаните да излезат да гласат, но никој не може да гарантира дека може неговите гласачи и да си останат дома.

Никој не може да каже со сигурност и како ќе се однесуваат гласачите на ДУИ, која беше обвинета за тивок бојкот во првиот круг, но и симпатизерите на другите политички партии од т.н. албански блок.

Имајќи ги предвид резултатите од првиот круг, без гласовите на Албанците, тешко ќе оствари потребниот цензус, што пак отвара врата што и те како оди во прилог на ДУИ – актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, барем на кратко да стане првиот Албанец претседател на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе се случи ако нема цензус: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Во пресрет на изборите: Албанското знаме откри рогови во вреќата на Владата

Река повика граѓаните масовно да излезат на 5. мај, на кој му даде подршка?

Убава вест: Последен ден од кампањата за нов претседател на државата, од полноќ изборен молк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од еден поинаков аспект – конференција за женско лидерство и премостување на родовиот јаз во М6 Едукативен центар

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Кој е Максим Димитриевски, старо-новиот градоначалник на Куманово

Редакција