еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?

Ќе имаме ли одложување на изборите или први парламентарни избори во земјава без партиски митинзи е прашање што легитимно се наметнува по фијаското со несовесната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која го премолча своето патување во Италија каде се заразила со корона вирусот и спротивно на препораките на Министерството за здравство одела на работа и контактирала со стотици лица.

Имено, Владата на седницата на 6 март го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.

Но, во меѓувреме бројот на заболени се зголеми на седум лица, а извесно е дека бројката ќе расте со оглед на тоа што мерките кои се базираа на совеста и свеста на граѓаните за опасноста која демне од корона вирусот се покажаа како недоволни.

Тоа очигледно го увидоа и надлежните. Имено, Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот денеска на седница ќе разгледаат евентуални нови мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на вирусот кои ќе ги достави како предлог до Владата.

Евентуалните нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на коронавирусот, ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а владината одлука ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.

Сега останува да се види какви ќе бидат препораките на Комисијата и дали Владата ќе воведе посериозни забрани за масовни собири, што би значело и забрана за партиски митинзи или пак ќе реши дека опасноста не толку голема.

Ако се следи примерот со Италија, каде целата земја беше ставена во своевиден карантин поради забрзаното ширење на корона вирусот впечаток е дека се големи шансите или да има одложување на изборите или да се забранат митинзите, па да се види како ќе се развива состојбата со корона вирусот до 12 април, кога е денот на гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп

Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?

Здравствената состојба на сите седум пациенти кои се лекуваат од корона вирус е стабилна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија нема да добие помош од Солидарниот фонд на ЕУ

Редакција

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

(Фото) Авалон продукција покажа како треба да изгледа фестивал во време на пандемија со Ковид-19

Редакција