еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ги скара ли Гоце Делчев, Македонија и Бугарија?

Барањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој пред неколку дена беше во посета на Македонија, Комисијата за историски и образовани прашања помеѓу земјава и Бугарија, да ја забрза работата, да работи секојдневно и до октомври да најде решение и за Гоце Делчев, наместо да ги забрза работите, ги искомплицира.

Борисов кој од Скопје порача дека Бугарија нема да ја блокира Македонија за членство во Европската Унија, но сепак не одговори на прашањето што ако до октомври не се најде решение и за Делчев.

Први на неговиот повик, очекувано, регираа членовите на Комисијата од Бугарија, кои побараа вонреден состанок до крајот на август. Редовниот состанок на Комисијата пак веќе е закажан за средината на октомври.

Ангел Димитров, кој ја предводи бугарската страна во Комисијата, за Бугарското национално радио, изјави дека македонската страна била таа која не била подготвена за секојдневно работење.

„Не е возможно да се работи деноноќно! Ова може да се случи само ако нашите колеги се подготвени за тоа, но тие не се и тоа е докажано многу пати. Денес дури и ќе ги поканам нашите колеги – вонредно, на место што ќе го изберат, ако сакаат и во некое одморалиште во Бугарија, да закажеме состанок на крајот од август за да ја олесниме нашата работа за состанок во септември.

Повеќе пати сме предлагале нашите состаноци да бидат почести, со поинтензивен работен ритам, но нашите колеги сметаат дека шест средби во текот на една година досега се доволни“, изјави Димитров.

На таа средба според Димитров, треба да се решат две важни прашања – бугарските учебници за средновековието и османлискиот период, но и прашањето за чествувањето на Гоце Делчев.

„Работите за Гоце Делчев за бугарската историска наука се јасни. Историчарите нема да кажат што е Гоце Делчев. Тие можат само да го потврдат или негираат тоа што тој го кажал за себе, за своето семејство, за околината во која израснал, за кои интереси работел и за кои го дал животот. Разликите по тоа се фундаментални.

Ние сакаме да го гледаме Гоце Делчев како личност во неговото историско време, а не од гледна точка кои ги напуштаат чисто историските гледања и кореспондираат со подоцна создадени слики со чисто политичка конотација. За нас тоа не е продуктивен пристап, модерен, современ. Тука се разидуваме со колегите“, изјави Димитров.

По неговиот повик, регираше историчарот Драган Ѓоргиев, шефот на македонскиот тим кој во изјава за Телевизија 24 вели дека такво нешто не прифаќа.

“Не прифаќаме вонреден работна средба. Редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септември“, вели Ѓорѓиев.

Според него, доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.

“Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата“, изјави Ѓоргиев.

Дали овие различни видувања на работите можат да го разнишат пријателството помеѓу двете земји, за кои постојано зборуват Борисов и премиерот Зоран Заев и дали Гоце Делчев ќе стане нова пречка за старт на преговорите со Европската Унија (ЕУ) или за понатамошниот пат на земјава во ЕУ, ќе стане јасно веќе наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорката Котлар: Кoгa веќе немa чoвек вo Влaдaтa, ќе кажам и повторам – Гoце Делчев е Мaкедoнец oд Кукуш

Историчарот Тодоров: Како ќе го чествуваме Делчев ако би се изучувал како Бугарин?

Борисов инсистира до октомври да има договор чив е Гоце Делчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски-Зеленски: Македонија ќе продолжи со поддршката на Украина колку што ќе биде потребно

Редакција

Фондот за здравство од понеделник ќе штрајкува, ќе се работат само најнужните предмети

Редакција

Смртните случаи од Ковид-19 им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот, велат од СЗО

Редакција