еМагазин
Image default
Свет

Ќе го одржи ли контроверзниот Борис Џонсон ветувањето за Брегзит до 31 октомври?

Ќе го одржи ли новиот британски премиер Борис Џонсон ветувањето дека ќе обезбеди договор за Брегзит до 31 октомври е прашање кое надвиснува кај британската, но и светската јавност со оглед на тоа што токму врз база на ова ветување Џонсон го доби премиерското место.

По посетата на кралицата, тој вчера во својот патриотски говор меѓу другото рече дека: „оние што се обложиле против Британија ќе ги загубат ракавите“.

Тој оддаде почит на трпението на Тереза Меј, но истовремено ја искритикува, бидејќи поминале три години во состојба на отсуство на доволно самодоверба.

„Време е да се сменат работите, да ја повратиме нашата природна и историска улога на претприемачка, отворена и вистински глобална Британија“, изјави Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ  

(Видео) Кој е Борис Џонсон, новиот премиер на Велика Британија?

Фото: vox.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов биланс: Од коронавирусот во светот починаа 3.304, заразени се 96.274, а излекувани 53.900 лица

Редакција

(Видео) Продолжува хаосот во САД, Трамп се закани со војска на улиците

Редакција

(Видео) Инсајт леталото на НАСА безбедно слета на Марс

Редакција