еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе им помогнеме на Грците или ќе се ситиме

Кога ја видов првата информација за бројот на жртви и ужасните видеа кои доаѓаа од Грција по катастрофалните пожари, неможев да верувам дека на стотина километри од овде може да се случи такво нешто страшно. Нешто што сум видел само на филм. Но ова е вистинско.

Веднаш замислив како изгледа денеска да имаш се, утре ништо. Ни дете, ни татко, ни мајка, ни баба, ни лаптоп, ни мобилен, ни семејни фотографии, ни омилената гардероба, ни убавите цвеќиња во двор… Ама баш ништо.

Од глава не ми излезе информацијата за 13 годишното девојче кое горело и скокнало во море за да се спаси, а за жал завршило на карпи.

После шокот, уште повеќе се шокирав што се прочитав на социјалните мрежи за трагедијата во Грција, нашиот сосед.

Некој се сити на туѓа несреќа.

Просто необјасниво. Тие личности дефитивно имаат сериозен проблем. Не дека јас велам така, туку тоа е научно поткрепено.

Ме израдува информацијата дека македонските власти биле меѓу првите што понудиле помош на грчките колеги и што ќе помогнеме и парично. Не се големи пари, но во вакви ситуации се е добредојдено.

Така и треба. Така реагира вистински сосед. Тркалото се врти. Можеби утре на нас ќе ни треба помош. Не дај Боже нас такво нешто да ни се случи. Ќе ни треба и повеќе од помош. Ко ќе ми текне само колку авиони за гасење пожар имаме.

Да, Грција беше пречка до сега за патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, да многу неправди се случиле во минатото, да Грција не ословува како ФИРОМ и Скопјани, но сите овие работи не треба да се мешат кога се во прашање човечки животи.

Луѓе сме или не?

Ако сме луѓе, сега е вистинското време да им помогнеме на соседите Грци. Да се покажеме во вистинско светло, како што сме се покажале за многу други кризи од различен карактер во регионов.

Како што на Србите им помогнавме кога беа поплавени, како што на Босанците и Косоварите им помогнавме кога поради војна мораа да ги напуштат своите домови…

Има многу начини како да се помогне. Само треба да се сака.

Фото: Greek reporter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

(Фото) Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите во Крушево

Редакција

Им подлегна на повредите: Почина Шинзо Абе, поранешниот јапонски премиер

Редакција