еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има казни за оние кои ќе допатуваат од странство, а нема да се самоизолираат

Техничкиот премиер Оливер Спасовски со апел до сите граѓани, особено до оние кои патуваат кон Македонија, поради новонастаната ситуација со корона вирусот.

„Ги повикувам граѓаните сериозно да ги следат упатствата и препораките на надлежните, да бидат на висината на својата лична одговорност и да ни помогнат и нам, и на самите себе. Ние сме постојано активни со цел да помогнеме.

На пример, преку МНР бевме во контакт да овозможиме непречен транспорт на конвој од Словенија да пристигне во Македонија, наши граѓани беа заглавени помеѓу хрватско- српската граница и очекуваат да им помогнеме да се вратат дома.

Но, апелирам до таквите граѓани, кога ќе пристигнат на граница да кажат точно од каде патуваат и потоа да одат во самоизолација 14 дена.

На петте гранични премини кои останаа отворени се потпишуваат изјави од страна на граѓаните дека ќе останат во самоизолација.

Затоа апелирам до нив и до нивните семејства да го почитуваат ова. Секој што мора да биде во самоизолација мора тоа да го направи. Имаме полициски службеници кои ги следат постапките на таквите граѓани и предвидени се најстроги санкции за сите кои не се ставаат во самоизолација откако ќе допатуваат во државата. Уште еднаш ќе искажам огромна благодарност до полицијата, армијата, лекарите, медицинскиот персонал- тие деноноќно посветуваат време и знаење да ни помогнат“, порача Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вежбај. Читај книга. Гледај филм. Седи дома: Креативни совети за „битката„ со корона вирусот

„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокадите во Скопје ќе продолжат

Редакција

Земјотрес во Гевгелиско со интензитет од три степени

Редакција

Дизелот поскапува за 3, а бензините до 2,5 денари

Редакција