еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе има ли драстичен раст на бројот на етнички Бугари во Македонија?

Како што стојат работите моментално по се изгледа не само бројот на етнички Албанци во Македонија ќе биде во фокус на резултатите од престојниот попис.

Благодарение на бугарските политичари, кои не случајно постојано ја потенцираат бројката од 100 илјади бугарски пасоши за жители на Македонија, (но без да кажат како ги добиле или купиле истите), но и на пораките кои доаѓаат од здруженијата на етнички Бугари во земјава, се поизвесно е дека тема ќе биде и бројот на етнички Бугари во државава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Детален преглед: Број на етнички Бугари во Македонија од 1953 до 2002 година

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

Според податоците кои еМагазин ги доби од Државниот завод за статистика, за периодот од 1953 до 2002 година, се гледа дека на пописот во 1971 година најмногу граѓани се изјасниле како Бугари, 3.334, а најмалку во 1953 година, 920.

На последниот попис во 2002 година, пак како етнички Бугари се изјасниле 1.487 граѓани.

Во меѓувреме поминаа речиси 20 години, а Бугарија стана членка на Европската Унија (ЕУ), па тоа беше и основната причина што толку голем број на македонски државјани зедоа бугарски пасоши, мнозинството не поради бугарски корени, што е основниот услов за добивање на пасош, туку поради економски причини, за да можат да работат во ЕУ.

Останува да видиме дали резултатите од пописот ќе покажат драстично зголемување на бројот на етнички Бугари во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не може да добие формулар како се изјасниле нејзините државјани на пописот во Македонија

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот предлог предвидува ЕУ да биде гарант дека Mакедонија ќе ги исполни барањата на Бугарија, тврди бугарски медиум

Редакција

(Фото-галерија): Секоја чест за екипата што денес извади 50 автомобилски гуми од реката Вардар

Редакција

„Ропството им помогнало на Афроамериканците„: Скандалозна наставна програма во САД

Редакција