еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе има ли епилог по тужбата на младите правници за загадувањето?

Ќе има ли епилог по тужбата на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) против Владата, Министерството за животна средина и Град Скопје поднесена уште во јули, годинава, а за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина и правото на здравје и непреземање мерки против загадувањето е прашање кое заслужува внимание со оглед на тоа што со заладувањето овој проблем повторно исплива на површина.

Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности  за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух.

Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките.

Се тужбата исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со директивата на ЕУ 2008/50/ЕК, овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на санкции/казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух.

Сите точки во тужбата се многу логични. Сега останува да се види дали македонските судови имаат капацитет да прифатат вакво тужбено барање или пак како и многу пати досега законот ќе биде ставен во одбрана на оние кои што се најдоговорни за катастрофата и смртните случаи кои ни се случуваат поради загадувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 500 цивили убиени во Украина, бројките се веројатно значително повисоки, велат од ОН

Редакција

Одбраната на Катица Јанева праша дали „Рекет“ е создаден за да згаснат обвиненијата против Орце Камчев

Редакција

По пишувањето на еМагазин: Народниот правобранител отвори предмет за провизијата на Македонски телеком

Редакција