еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли избори: Во четврток лидерска средба за справување со корона вирусот

Премиерот Оливер Спасовски за в четврток во 13 часот закажа координација на претставници на политичките партии во врска со реализацијата на владините мерки за справување со корона вирусот.

На координацијата, како што потврдија од Владата, присуство потврдиле лидерите и плус уште еден претставник на партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива.

Од Владата на брифинг со медиумите порачаа дека сега никој не треба да профитира политички.

– Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата.

За лидерската вчера потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот, информираше Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Вкупно 19 мерки и активности против ширење на корона вирусот

Владата повикува на сеопшта одговорност против корона вирусот: Засега нема кризна состојба

Град Скопје: Поради превенција од коронавирусот привремен прекин на прием на странки за консултации за финансиски прашања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тесна битка за бројот на претплатници меѓу Македонски телеком и А1 Македонија: Кој има повеќе?

Редакција

Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Ќе може да се гласа и со истечени лични документи

Редакција