еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе има ли нови аудио снимки: “Бомби“ пука кој ќе стигне

Аудио снимките, или популарно наречени “бомби“ во Македонија веќе со години се главното орудие за политички, но и бизнис пресметки.

Се започна во 2015 година кога истите почна да ги објавува тогашниот лидер на опозицијата, актуелниот премиер Зоран Заев, а по него се појави плејада на други “објавувачи“ од Никола Тесла до актуелниот U6e Big.

Јавноста никогаш не дознаа кои се „објавувачите“, освен кој стои позади прекраот Ел Чека, кој самиот и се престави на јавноста, а за кој Јавното обвинителство отвори предмет, а во тек е и судењето за истиот случај, на кое Ел Чека очигледно нема да се појави, бидејќи е во САД.

Прашањето пак кој всушност стои зад Ел Чека, кој објавува „бомби“ исклучиво за владејачката ДУИ е друга тема.

Јавноста не дозна и официјално кој тоа прислушувал над 20.000 граѓани, бидејќи предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои ја третираат таа проблематика се уште немаат завршница.

Тоа што кој ќе стигне објавува „бомби“ доволно покажува колку се ерозирани македонските институции, кои треба да го спречат овој тренд, кој и носи сериозна штета на државата, но и дека материјали стекнати на нелегален начин со прислушување на телефонски разговори или на друг начин поседуваат многу различни структури, кои без проблем за свои цели, а не за доброто на граѓаните, истите ќе ги објавуваат и во иднина.

Така да нема биде никакво изненадување, посебно сега пред избори да се појават и нови „објавувачи“ и да слушаме нови и нови “бомби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку сериозно ќе влијаат новите аудио снимки на епилогот за “Рекет“?

(Аудио) Нова „тура“ снимки за „Рекет“: „Куферот со пари не е кај Заев“

Дали во нив е гласот на Камчев: Обвинителство отвори предмет за новите аудио-снимки

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците во обид цените да ги задржат на нормално ниво: „Кошничка за домаќинствата“ од денеска во супермаркетите

Редакција

Приведени уште две лица кои на протестот против „францускиот предлог“ нападнале полициски службеници

Редакција

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

Редакција