еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските: СДСМ ќе пресече

Владејачката СДСМ утре или во понеделник ќе има седница на Извршниот комитет, на кој треба да падне одлуката дали заедно со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори.

Од партијата се уште го немаат избрано кандидатот за трката за претседател на државата, а во јавноста подолго време се шпекулира со неколку имиња, меѓу кои се актуелната вицепремиерка и министер за обрана, Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и националниот коридинатор за НАТО, Стево Пендраровски.

На огласот за кандидати за претседател на државата пак на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која побара предвремени парламентарни избори, се пријавиле осум кандидати.

Официјално кандидатури поднесоа пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, а медиумите пишуваат дека помеѓу пријавените е и професорката Гордана Силјановска Давкова.

Од партијата најавија дека најдоцна до вторник ќе ги соопштат сите пријавени.

Од ДУИ, каде официјално се најрезервирани за предвремени парламентарни избори, најавија дека на претседателските избори ќе одат со свој кандидат, но не ја исклучуваат и комбинацијата за заеднички кандидат со други партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов му порача на Заев два пати да мисли пред да рече нешто за Илинденското востание

Редакција

Кој е Сухејл Фазлиу, министерот за локална самоуправа кој доби кривична

Редакција

(Галерија) Parfois инспирација за Денот на Вљубените

Редакција