еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските?

Иако неофицијално никој на македонската политичка сцена, реално не сака предвремени парламентарни избори, деновиве повторно се отвара прашањето заедно со претседателските избори во март или април да има и нови парламентарни избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција побара в понеделник да се распушти Собранието. Смета дека има доволно време да се организира фер изборен циклус согласно Законот во Република Македонија и заедно со претседателските избори да се одржат вонредни парламентарни избори.

Македонскиот премиер Зоран Заев пак претходно во своето прво обраќање до македонската јавност, по изгласувањето на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, со кои меѓудругото се менува името на Македонија во Северна Македонија, рече дека во СДСМ сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските.

„Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли Бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи на СДСМ, следуваат претседателски избори и е вреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото“, рече Заев.

Од ДУИ пак до сега беа најјасни. Тие не се за предвремени парламентарни избори.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Мицкоски: Во понеделник да се распушти Собранието, има време за вонредни парламентарни избори

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот инспекторат за транспорт се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

Редакција

Генералното собрание на ОН бара Путин да ги поништи референдумите во Украина

Редакција

Почина 39-годишната родилка која се обиде да се самоубие, нејзиното прво дете е пуштено од болница

Редакција