еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе исплати ли Комерцијална банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Комерцијална банка АД Скопје, како резултат од работењето во 2020 година, оствари добивка пред оданочување во износ од 2.067.136.016 денари, соопшти банката во предлог одлуките за претстојното Собрание на акционери објавени преку Македонската берза.

По одбивање на данокот на добивка во износ од 155.169.725 денари, останува добивка по оданочување во износ од 1.911.966.291 денари.

За распределба се предлага износот на нераспределена добивка од 1.911.966.291 денари и тоа на дел за дивиденда за обични акции, дел за резерви и дел за задржана добивка за инвестициски вложувања (реинвестирана добивка) која Банката ќе ја користи во 2021 година.

„Согласно член 11 став 3 од Одлуката за основање на Комерцијална банка АД Скопје, имателите на обичните акции имаат право на сразмерен дел во распределбата на добивката.

Притоа, вкупниот износ на делот од добивката за имателите на обични акции се предлага да изнесува 1.367.440.200 денари, односно 600 денари по акција (на бруто-основа), што изнесува 60% од поединечната номинална вредност на акциите.

Согласно член 483 и 485 од Законот за трговски друштва и член 22 од Статутот на Банката, се предлага да се издвои дел од добивката за резерви во износ од 294.526.091 денари.

Износот којшто се предлага за издвојување во резерви е во согласност со стратешките определби на банката за одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување преку политика на издвојување на дел од нето-добивката за резерви и претставува понатамошно зголемување на нивото на вкупен капитал заради понатамошен раст на банката.

Согласно член 28 од Законот за данок на добивка, се предлага да се распредели износ од 250.000.000 денари во задржана добивка (реинвестирана добивка) за инвестициско вложување кое ќе служи за развојни цели и проширување на дејноста на банката, преку вложување во материјални и нематеријални средства.

Со издвојување на дел во задржана добивка за инвестиции, банката има право за деловната 2021 година да изврши намалување на даночната основа за износот на извршените вложувања и инвестирања, а со тоа и да се плати помалку данок на добивка при изработка на Даночен биланс за 2021 година.

Износот од 250.000.000 денари нема да биде расположлив за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ќе биде ограничен за распределба на акционерите).

На тој начин, а во согласност со соодветната регулатива на НБРСМ има третман на редовен основен капитал на банката при пресметка на сопствените средтва, при што ќе овозможи зголемување на стапката на адекватност на капиталот.

Согласно член 365 од Законот за трговски друштва, пресметани се награди за членовите на Надзорен одбор врз основа на очекувана добивка за 2020 година“, информираат од банката.

Народната банка вчера одлучи привремено да ја ограничи исплата на дивиденди на банките поради кризата од Ковид-19. Останува да се види дали Комерцијална банка ќе ја преиначи одлуката за исплата на дивиденда до одржувањето на Собранието на акционери кое е закажано за 29 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка донесе одлука за привремено ограничување на исплата на дивиденда на акционерите на банките и на штедилниците

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 546.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На повеќе од една третина од компаниите им се зголемиле трошоците за струја поради војната во Украина

Редакција

Македонија изгуби од Австрија, следниот натпревар го играме со Украина

Редакција

СЗО го класифицираше новиот сој на коронавирусот, омикрон, како загрижувачки и високо пренослив

Редакција