еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе издржи ли здравствениот систем: Вториот бран на корона вирусот станува цунами?

Не се реализираа очекувањата за стивнување на корона вирусот, што само до пред неколку недели ги дадоа здравствените власти. Непочитувањето на мерките за заштита придонесе Македонија да урива рекорди по новозаразени и во изминатиов период секојдневно има над 100 новозаболени лица, а бројката на моменти се приближува и до психолошката граница од 200 новозаболени.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека инфективните одделенија и клиниките се оптоварени, дел од здравствените работници навистина изморени после четиримесечна борба со коронавирусот и дека состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата.

„Во оваа фаза од епидемијата мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизација и организација на сите расположливи ресурси во нашата земја.

Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме колку што може повеќе притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме прием и добро лекување на сите пациенти кои имаат потреба од тоа“, потенцира Филипче.

Сега, за да се амортизира ударот со ротирање се менува изморениот кадар во болниците, а се стави во функција и монтажната болница, а по потреба во пресрет ќе излезат и приватните клиники.

Но истовремено, зачудува тоа што иако има сериозен наплив на новозаболени, надлежните одлучија да нема рестриктивни мерки, што е стратегија што многу се разликува во однос на првиот бран од корона вирусот кога имаше полициски час и повеќедневни карантини за да се спречи ширењето на заразата.

Спротивно на тоа, а најверојатно само заради одржување на изборите, надлежните сега се одлучија на поинаков порелаксиран пристап што засега покажува лоши резултати односно пораст на бројот на новозаболените, но и на починатите.

Тие треба да бидат свесни дека вториот бран на корона вирусот лесно може да стане цунами доколку борбата против неговото ширење се остави само на совеста на граѓаните.

Нашиот здравствениот систем кој и сега е оптоварен тешко би можел издржи наплив од 200 или 300 новозаболени дневно во следниве две недели и лесно може да ни се случи црно сценарио односно заболените да почнат да умираат по дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болниците преполни со пациенти заболени од корона вирусот, се активираше и монтажната болница

Филипче: Вториот бран на корона вирусот дојде порано од што очекувавме

Големо жариште на корона вирусот е Скопје и делумно Тетово, другите региони се стабилни

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Ристоска била дискриминирана, Советот на обвинители треба да и се извини

Редакција

Бугарскиот премиер Јанев: По изборите во Бугарија и Македонија, дијалогот ќе добие поинакво значење

Редакција

Србија му укажа голема чест: Венко Андоновски е автор на „Големиот школски час“, манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац

Редакција