еМагазин
Image default
Македонија

Ќе „летаат“ директорите од енергетскиот сектор, во МЕПСО, ЕСМ…

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата информираше за смената директорите на институции, раководители, членови на Управни одбори.

За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Драган Миновски, директорот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, директорот на МЖ „Инфраструктура“, Ирфан Асани, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова и други членови на Управни и Надзорни одбори.

За смената на директорите во енергетскиот сектор, Заев реча дека причините се сестрани, и заради притисок од јавноста за вработувањата, тендерите ,но и за нереализирани капитални инвестици, блокирање на процеси, забелешки од меѓународни институции, недоволна транспарентност, неспроведување на одлуки на Влада, слаб менаџмент.

Тој додаде дека на дел од нив ќе им бидат понудени други работни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Кои се функционерите кои ги зафати „метлата“ на премиерот Зоран Заев?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ

Редакција

Лекарската комора го осуди инцидентот во ГОБ „8 Септември“: Лекарите заслужуваат поддршка, не закани

Редакција

Ганка Цветанова со порака до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени

Редакција