еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет за настаните во македонското Собрание од 27. април, излегува од куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати понудената гаранција во недвижен имот, информираат од Судот.

„Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот  КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.М., по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство,донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова“, соопшти Кривичниот суд.

Василевски сега ќе може да присуствува на пленарните седници во Собранието.

Во куќен притвор и понатаму остануваат обвинетите за истиот случај, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, кои исто така имаат поднесено барање за укинување на оваа мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Василевски не одговара дали ќе гласа за уставните измени, Аранудов немал размислувано

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Редакција

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Редакција

Обилните дождови ја заматија водата за пиење во Гостивар и Тетово

Редакција