еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Од денеска стапи на сила одлуката на Владата за забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Во гостување на Топ тема на телевизија Телма, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, прашан дали би се вовел карантин и во Куманово, како во Дебар, тој одговори дека доколку оваа мерка не даде резултат, тогаш сигурно во наредните денови ќе се преземат и други чекори кои ги предложи здравствената комисија.

Во Куманово моментално има осум лица кои се заразени со коронавирусот, меѓу кои и здравствени работници.

Од Куманово е и првата жртва на коронавирусот во Македонија, жена на 57 години, која пред да почине два пати беше тестирана, но вирусот беше откриен дури по нејзината смрт, со третиот тест.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека во Куманово е направена интензивна комуникација во врска со починатата жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Од утре пациентите со коронавирусот во Македонија ќе се лекуваат со комбинација од хлоркинин и азитромицин

Потврдите за ослободување од работа поради грижа за дете ќе важат до завршување на вонредната состојба

Суспендиран полицаец кој порача „седете дома клошари“, пријава за прилепчанец кој лажно се престави како полицаец

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска нови мерки во Грција: Во кафулиња, ресторани, спортски сали влез само за вакцинирани и прележани од Ковид-19

Редакција

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочат Орце и Ана Камчеви

Редакција