еМагазин
Image default
Македонија

Ќе остане ли на чело на СЈО, Катица Јанева

Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Власта и опозицијата имаат спротиставените ставови особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО.

Мицковски во повеќе наврати кажа дека Јанева за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.

Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за Агенцијате за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Македонија. За овие два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Владејачкото мнозинство очекува Законот за јавното обвинителство и законите за Агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница да бидат донесени до крајот на март, односно пред почетокот на кампањата за претседатеските избори.

Според власта, тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ на почетокот на јуни.

МИА/Фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

41 нов случај на Ковид-19 од 1.024 тестови, 10 се реинфекции

Редакција

Убава вест: Оздравени 419 пациенти болни од Ковид-19, во Скопје 149

Редакција

Столтенберг: Го поздравувам гласањето на парламентот во Скопје за предложените уставни измени

Редакција