еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе остане ли Груевски пратеник: Кога на пратеник му се одзема мандатот

Утре на седница на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања ќе се разгледува предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор.

Кога на пратеник му се одзема или му престанува мандатот?

Овие прашања се дефинирани и во Законот за пратеници.

Во член 8 од овој Закон пишува:

„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: поднесе оставка, е осуден на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, настапи случај на неспојливост на функцијата, му престане државјанството на Република Македонија, со правосилно решение биде лишен од деловната способност и во случај на смрт“.

Во член 17 од овој закон, пак стои дека: „пратеникот ужива имунитет за времетраењето на мандатот. Пратеникот не може да биде притворен без дозвола на Собранието, освен ако бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години“.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ја одби молбата на Никола Груевски: Екс-премиерот со една нога во Идризово

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Груевски бара одлагање на казната поради пратеничките обврски и бидејќи пишува книга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

Редакција

35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија заминаа за Грција

Редакција

Кој е Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар

Редакција