еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе остане ли некој во ВМРО-ДПМНЕ: И претседателот на УМС Кржалоски, поднесе оставка

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски даде неотповиклива оставка од функцијата, а оставката ја обрзаложи на неговиот Фејсбук.

Кржаловски посочува дека оставката ја дава затоа што не сака да биде дел од дворските игри кои го одвлекувале вниманието на партијата од вистинските проблеми.

„Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот.

Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската Народна Партија-каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ.

Друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат нашата партија за релевантен фактор“, стои во образложението на оставката на Кржалоски.

Во текот на вчерашниот ден оставки поднесоа и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска, а од функцијата се повлече и досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Драган Данев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И кај жените во ВМРО-ДПМНЕ раздор: И пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од Унијата

Рангелова си поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски останува во притвор, одбиена неговата жалба

Редакција

Продолжува судењето за убиството на младиот Саздовски

Редакција

Кичеец бил вработен кај Камчев: За него пресуда утре, бидејќи призна вина за „Рекет“

Редакција