еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Можно ли е одземање на мандатот на потпретседателката на македонското Собрание и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски откако вчера против неа беше отворена истрага поради сомнение дека учествувала во шемата за изнуда на средства од бизнисмени во аферата позната како „Рекет“ е дилема која ќе ја расчистуваат обвинителите односно судската власт и нејзините колеги-пратеници.

Ова прашање е регулирано во Деловникот на Собранието.

Во член 58 од деловникот се вели:

За пратеникот осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во трање од најмалку пет години, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната.

Претседателот ова известување веднаш го доставува до пратениците.

На пратеникот кој е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, му престанува мандатот. Собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот на денот кога е осуден и за тоа ја известува Државната изборна комисија.

Во член 59 од деловникот се додава:

За пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната. Претседателот известувањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

За пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предлог за одземање на мандатот на пратеник во случаите од ставовите 1 и 2  на овој член, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.

По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Што изјави Фросина Ременски пред да биде осомничена за „Рекет“?

Можни ли се нови „сочни бомби“ по кулминацијата на случајот „Рекет“?

Заев ќе ја разреши Ременски од сите партиски функции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Малиот Марко Пејчиновски на Голема Богородица ќе плива маратон од 64 км за лицата со ретки болести

Редакција

Рускоска: Факт е дека Јанева примила пари

Редакција

Детален преглед: Колку заразени од корона вирусот има по македонските болници?

Редакција