еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе останеме ли и без Визер: Нискобуџетните авиокомпании не сакаат да летат од Македонија

На последниот повик за субвенционирање на авиокомпании кои би летале од Македонија повторно се јави само Визер.

Министерството за транспорт и врски го поништи и овој повик, бидејќи понудата на Визер не одговарала со условите и критериумите во тендерот.

Визер доставила понуда во која сите четири дестинации од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, планира да ги воведе во август 2019 година, што според Министерството било спротивно на еден од критериумите во тендерот.

Во повикот стои дека авиокомпанијата која ќе биде избрана има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот.

На претходниот повик повторно се јави само Визер, а истиот повторно беше поништен поради тоа што Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2.1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање.

Пари има, но кој ќе лета?

Од Министерството по итна постапка најавија нов повик, под истите услови и критериуми, а пари за субвенционирање веќе се обезбедни со буџетот.

Благодарение на евтините летови кои ги нуди Визер, изминативе години драстично се зголеми бројот на патниците од Македонија до неколку европски дестинации.

Никој нема дилема дека Македонија не е исплатлива дестинација за многу авиопревозници, а тоа беше посебно видливо пред доаѓањето на Визер.

Македонија со години нема и национален авиопревозник токму од истите причини.

Додека властите веќе неколку месеци одлучуваат која авиокомпанија ќе ги добие овие субвенции, Визер од аеродромот во Приштина период промовираше неколку летови, а да не ја заборавиме и атрактивноста на блиските аеродроми во Софија, Солун и Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак се јавил само Визер: Повторно поништен повикот за субвенционирање на авиокомпании

На двата аеродрома за 9 месеци 1,8 милиони патници, повеќе од половина патувале со „Визер“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески бара построги казни од обвинителите за недозволено поседување и трговија со оружје

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за оператор на кол-центар за лични документи „тежок“ 460.000 евра

Редакција

Судење за „Трезор“: Мијалков да се ослободи од обвинение, побараа неговите адвокати

Редакција