еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Груевски избега како на филм, иако го чуваа шест обезбедувачи на МВР, а судејќи по досегашните изјави од надлежните институции никој не е виновен за тоа.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека судот е одговорен затоа што не одредил притвор, претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев вели дека тие не можеле самоинцијативно да одредат притвор и дека Обвинителството во ниеден момент не побарало ваква мерка, Катица Јанева, првиот човек на Специјалното јавно обвинителство, кое води неколку случаи против Груевски, вели дека побарале притвор за него уште во февруари 2016 година, а до минатиот четврток тој не им одавал некој повод дека нема да се јави на суд за да најдат причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор…

Деновиве сигурно и други надлежни вината ќе ја префрлат на некој друг, нешто што досега во Македонија сме го виделе во бројни случаи, кога нешто нема да реши, а Груевски ќе си шета на чист воздух покрај Дунав, како што се мајтапи јавноста по социјалните мрежи.

Да се разбереме Груевски не е било кој бегалец, за да вака ношалатно јавноста биде замајувана.

Освен што правдата не е задоволена, оваа е голем срам и за државата Македонија, која цели да биде членка на Европската Унија и НАТО.

Одгворност за овој сканал, му се допаѓало на некој тоа или не, мора да има.

Оставка е најмалку што може да се понуди!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три дена од Ковид-19 починале две лица, дополнително пријавени уште три

Редакција

Се евакуираат седум училишта во Скопје поради нова закана за поставена бомба

Редакција

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, сведочеше пред судот, не се чувствува виновен

Редакција