еМагазин
Image default
Свет

Ќе се формира авио-компанија „Виз ер Абу Даби“

Најбрзорастечката и најзелената авиокомпанија во Европа денес „Виз ер“ објави дека го склучи конечниот договор со својот партнер Абу Даби Холдинг Компанија за развој PJSC (“ADDH”), за заедничко основање на „Виз ер Абу Даби“.

Нискобуџетната авиокомпанија е подготвена да ги започне своите операции на Интернационалниот аеродром во Абу Даби во есен, 2020.

„Договорот е големо достигнување во започнувањето на „Виз ер Абу Даби“, новата нискобуџетна авиокомпанија на Емиратите поставена во главниот град на ОАЕ. „Виз ер Абу Даби“ планира да започне со работа во втората половина на годината, нудејќи ниски цени во комбинација со висококвалитетно искуство за време на летовите на низа дестинации низ Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка.

Со активностите за регрутирање на „Виз ер Абу Даби“ што треба да започнат во наредните месеци, договорот ќе создаде нови можности за работа, ќе ја зајакне економијата и ќе привлече повеќе посетители во Абу Даби.

Објавата е исто така во согласност со „Ghadan 21“, програма од 50 милијарди AED за забрзување на Абу Даби, која го води развојот на Емиратите преку инвестирање во бизнис, иновации и луѓе,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Редакција

Граѓаните помалку да возат, да работат од дома, да ги исклучуваат климите: Вака ЕУ ќе се ослободува од руската нафта и гас

Редакција