еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се казнува и дискриминација врз основа на сексуална ориентација: Законот изгласан во Собрание

Со 52 гласа денеска во Собранието се усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Тројца од пратениците беа воздржани, а против немаше.

Законот се носи со т.н бадентерово мнозинство, па за него гласаа 13 од 20 присуни пратеници кои се припадници на немнозинските заедници, против немаше, а еден беше воздржан.

Со законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 82 случаи на Ковид-19 од 1.211 тестирања

Редакција

Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми со претставка до Вилма Русковска за претресот

Редакција

Детален преглед по општини: Застрашувачки пораст на заболените од Ковид-19 во Скопје

Редакција