еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се контролираат станоиздавачите во Струга

Инспекторатот за туризам при Општина Струга, во соработка со Полициската станица од Струга ќе врши контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување туристи.

Целта, како што соопшти општинската прес-служба, е подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона.

– Безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем приоритет. Струга мора и треба да биде атрактивна туристичка дестинација, која на туристите ќе им обезбеди чувство на сигурност и безбедност, а тоа пак значи пријатен претстој и фактор за поголемо привлекување на постојните и потенцијалните туристи, посочува Општина Струга.

На територијата на Општина Струга има значителен број даватели на услуги за сместување туристи во соби и апартмани, кои се запишани и категоризирани во општинскиот регистар.

– Решението за категоризација, кое се добива по одредена постапка, значи дека физичкото лице кое дава услуги за сместување, својата дејност ја врши легално, односно почитува повеќе закони и подзаконски акти, се вели во соопштението.

За непочитување на законите се определуваат високи казни, односно забрана за вршење на дејноста и парична казна во зависност од нивото на прекршување на законските одредби.

Фото: Општина Струга/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави приходи имале лани Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Редакција

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

Редакција

Димитри Трповски избран за нов член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција